Во Бутел учениците се учат на почит и љубов кон националните симболи на татковината

Интересни активности во ООУ “Гоце Делчев” во Бутел, каде присуствуваше и градоначалникот на општината Дарко Костовски.

- Го формиравме Македонското знаме и оддадовме почит на Македонската химна! Овој чин не прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности, порача Костовски од училишниот двор. 

- Развивање на чувството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина, и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи за нас е важен момент, додава Костовски.