Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски изврши увид во градежните активности на улица 1 во Љубанци која е една од најголемите и најзначајните улици во општината.
- Улица 1 во должина од над 510 метри и ширина 4 метри ќе добие асфалт по машинското гребење и поставување на нов тампон. Предходно поставена е нова водоводна линија со која се замени старата дотрајана мрежа. Градежната офанзива се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувањата кон граѓаните, информираше Костовски од терен.
Еднаков и рамномерен развој на сите населени места, порача првиот човек на општината.