Се асфалтира крак од улицата „Козле“ во Нерези

Во тек е асфалтирање на крак од улицата Козле 3 во урбаната заедница Нерези, информираат од локалната самоуправа на Карпош. 

Овој крак е во должина од 35 метри, а вакви краци, во изминатиот период се асфалтираа и на улиците Скупи 20 и Скупи 22 во Бардовци, во рамки на Проектот за асфалтирање и реконструкција на краци од улици.