Со македонски знамиња и песни: Вчера се одржа настан посветен на браќата Кирил и Методиј

Македонија е жива, делото на Св. Кирил и Методиј ќе живее се додека постои и последниот македонец. Ова на својата фејсбук страна го напиша градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски по вчерашниот настан кој се одржа во населеното место Стајковци, посветен на светите просветители.

На настанот кој ги собра граѓаните на Гази Баба на едно место, настапија Бојана Атанасовска, Спасен Силјановски и Огнен Здравковски. Во духот на традицијата, со македонски знамиња присутните уживаа во старите македонски песни.