Основното училиште „Александар Македонски“ во Аеродром доби нова сензорна соба и кабинет за информатика.
- Инвестициите во образованието се важен дел од градењето на иднината на заедницата. Денеска, на мое задоволство, заедно со претседателот на Советот на Општина Аеродром Дејан Митески, официјално ги пуштивме во употреба новата сензорна соба и кабинетот за информатика наменет за учениците од основното училиште „Александар Македонски“, извести градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски.
Станува збор за инвестиција која е донација од општествено одговорни компании, со чија поддршка го правиме образовниот процес достапен за дечињата со попреченост, а компјутерската технологија ја доближуваме до учениците. Благодарност до приватните компании, просветните работници и сите оние кои даваат свој придонес за модерно и квалитетно образование во Аеродром, додава Муцунски.