
Откако минатата недела беа откорнати новозасадени двца во Карпош, повторно вандализам во оваа скопска општина.
Овој пат, несовесни граѓани откорнале клупа спортои „Окта“.

Иако, надлежните упатија апел до сите жители на Карпош и пошироко, да се грижат за здравата животна средина, очигледно пораката не стигнала до некои лица.
Жителите, исто така, ги осудија овие вандалски постапки и, во случајот, порачаа веднаш да се интервенира од локалната самоуправа, додека не ја снемало и клупата.
- Не се работи за граѓани, туку невоспитани малолетнми хулигани кои немаат пред се домашно воспитување. Се работи за ерозија на домот и домашното воспитување, од кое се друго произлегува. Родителите ги препуштија децата да ги воспитува улицата. Од друга страна опшината не ги користи механизмите за заштита, како на пример казнената политика од инспекциските служби, ангажирање на физичко обезбедување, како на пример урбана полиција и слично. Што може да се очекува од младите кога гледаат секојдневни пијанки од возрасните по направените летниковци пред зградите и парковите, сето тоа на 100 метри од полициска станица. Колку што знам со закон е забрането конзумирање алкохол на отворено, освен во летните бавчи на рестораните, ама тоа некој треба да го спроведе, реагира еден скопјанец на социјалните мрежи.