Богоев: Или ќе се обединиме или ќе се распаднеме

Стефан Богоев, потпретседателот на СДСМ предупредува од можен распад доколку партијата не се обедини. Тој повикува шанса да се даде на слободни и лојални луѓе кои ќе ја вратат надежта во партијата во спротивно прогнозира дека може да дојде до распад на СДСМ.

„Обединувањето мора да оди со давање шанса на способни и лојални луѓе на сите нивоа, од раководство и ЦО, до општинска и месна, без разлика дали некој тие луѓе ги смета за "мои луѓе" или не! Кога членството ќе види такви луѓе на позиции, ќе се роди надеж и луѓето повторно ќе се вратат во партијата.

Во спротивно, од СДСМ може да произлезе нов политички субјект (покрај ЗНАМ) или десетици независни листи за советници по општините на локални, исто така произлезени од и на штета на СДСМ.

Тоа за нашата партија ќе биде фатално.

Затоа, процесот на обединување мора да почне веднаш бидејќи време немаме, а нема ни новиот претседател кому мандатот секако ќе му биде до март 2025та година, а дали ќе добие нов или не ќе зависи токму од успешноста на овој процес“ напиша Богоев на Фејсбук