Битиќи: Ако се зголемат пензиите линеарно тогаш пензионерите ќе останат без пензии

Вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи вели дека со линеарното зголемување од 5000 денари, дефицитот во пензинскиот фонд ќе изнесува 52 отсто што значи дека пензинерите ќе останат без пензија за некоја година

„Во суштина мислам дека сакаат да не вратат таму што бевме, а тоа е неизвесност во исплатата на пензиите затоа што по нивниот начин на менаџирање на Пензискиот фонд ако продолжеше уште три години, пензионерите ќе немаа пензии. Убаво ќе беше да кажат колкав ќе биде дефицитот во Пензискиот фонд со ова линеарно зголемување на пензиите по 5.000 денари. Дали пензионерите сакаат дефицит во пензискиот фонд од 52 проценти? Тоа значи дека пола од пензионерите или 175.000 пензионери да останат без пензија за одредена година. Тоа е моделот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Битиќи.