Битиќи си тера партиски активности во време на работно време

Партиска агенда е одговорот на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на прашањето зошто се појавува со вицепремиерот Фатмир Битиќи во посета на компанијата “Лапласт – М“

Битиќи во посета на компанијата како што тој изјави е дојден на потпретседател на СДСМ а не као функционер во Владата.

Во однос на забелешката дека работното време во Владата на Битиќи е од 8 часот и 30 минути, а тој се појавува на партиски настан во 11 часот, Ковачевски рече: „Така де, тука му е работното време, да ги посети фирмите“.

За партикста посета на „Лапласт – М“ се оправда и вицепремиерот Битиќи.

- “Кога е работното време има време за пауза и време за одмор. Денеска не знаете дали користам ден од одмор или користам време на пауза, која е вообичаено саат време во денот. Јас работам за граѓаните, ова се моите сограѓани“, се правда Битиќи.