Земјоделците ќе треба да докажат дека имаат остварено и предадено производство за да ги добијат сите субвенции

Веќе нема да важи стариот систем на субвенционирање каде што земјоделците довиваа субвенции без обврска да прикажат доказ дека оствариле производство.

Новиот модел го подразбира токму тоа - сите земјоделци да докажат дека имаат остварено и предадено производство за да ги добијат сите субвенции.

Овој нов модел на субвенционирање се воведува по 15 години. Превидена е основна субвенција од 30 проценти авансно за одржување на земјиштето во обработлива состојба, а дополнителна поддршка ќе следува за производство на стратешките култур, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Додаваат и дека се воведува нова мерка:бизнис-план за набавка на земјоделска опрема и производство на финални производи. Не е предвидено кратење на субвенции, туку поефикасна распределба и побрза исплата, а фокусот се става на стратешките култури.

Очекувањата на министерството од новиот модел на финансиска поддршка е стабилно домашно земјоделско производство и намален увоз.