Заштитно столбче пред паркинг-гаража ги збуни скопјани

Според фотографиите споделени на социјалните мрежи надлежните во скопски Центар претерале со поставувањето на заштини столбчиња на улицата „Орце Николов“. 

Иако претходно надлежните појаснија дека со реконструкцијата на оваа улица идејата е да се стимулираат пешачките токови каде што ќе се даде приоритет на пешаците и ќе се зголеми нивната безбедност при движење, денеска се реагира за едно несоодвено поставено столбче. 

Имено истото е поставено пред самиот влез на гаража за паркирање на возила.   

„Другари.. Особено Вие од Центар, најособено од ул. Орце Николов, пазете кај се паркирате! Немојте никако во гаража, пошто излагање само со хилта! Ова на сликиве е од денес. Мајсторите беа пресреќни што им е пуна батеријата на штрафилицата, па малку се заборавија со поставувањето на столпчињата...“ - пишува скопјанката Бургиева.