По невремето се откачил олук во Аеродром, станарите го држеле да не падне

Центарот за управување со кризи објави дека по невремето што го погоди Скопје добиле пријава за откачен олук на булеварот „АСНОМ“ број 12, поради јак ветер што претставува опасност и загрозување на безбедноста.

„Пријавителите во моментот го држат на нивната балконска тараса за да не падне и направи штета. РЦУК - Скопје контактирал со пријавителите, испратено е известување и до ЕЛС Аеродром“, напишаа од ЦУК во вчерашната објава.