Општина Центар со повик до сите дечиња на дружба во Паркот на Франкофонијата

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски организираат дружба за најмладите во Паркот на Франкофонијата каде е предидено да има театарска претстава и дружење со омилените херои на најмалите

„Драги дечиња, ве поканувам вечерва во Паркот на Франкофинија на интересна детската претстава „Далматинко“ на Театар хит, во која верувам дека ќе уживате. И тоа не е сѐ, веднаш потоа продолжуваме со нашите Стела и Сани и се разбира, многу песни, музика и забава!

Земете ги и вашите родители, баби и дедовци, сите заедно да се забавуваме“ напиша Герасимовски