Струмица: Трактор удри мотоцикл, мотоциклистот со тешки повреди

На 28.06.2024 во 07.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“, на делницата од крстосницата со магистрален пат и бул.„Ленинова“ до крстосницата која води во Зона Север, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт-539“, управуван од В.А.(65) од с.Баница, струмичко, и мотоцикл „кимко“, управуван од К.М.(44) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.