Во период од 3 дена уапсени 19 лица на „Д Фестивал“ во Дојран, им била пронајдена дрога

Во период од само 3 дена, од 29.06 до денес, за време на одржувањето на „Д Фестивал“ во Стар Дојран полицијата уапсила дури 19 лица поради поседување на дрога. Лишени се од слобода  А.С.(29) од Струмица, Д.Ш.(24) од Гевгелија, Ј.Р.(23) од Скопје, К.В.(24) од Куманово, А.А.(32) од Струмица, Д.А.(34) од Скопје, Г.И.(46) од Скопје, Ј.Б.(32) од Гостивар, В.Г.(18) од село Црничани, гевгелиско, Т.П.(18) и К.Ц.(18), и двајцата од село Миравци, гевгелиско, Г.М.(47) од Скопје, Ф.И.(19) од село Удово, валандовско, Б.С.(23) од село Батинци, скопско, Д.З.(23) од Скопје, А.А.(30) од Валандово, Н.А.(18) од Скопје, С.П.(20) од Башино Село, велешко, и еден 17-годишен турски државјанин.

Од МВР појаснуваат дека кај нив и при контрола на нивните возила им се пронајдени марихуана, прашкаста материја и таблети. За настаните бил запознаен јавен обвинител, а по нивно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.