Мотоциклист тешко повреден по излетување од патот

На 05.06.2024 во 15:30 часот, СВР Тетово пријави дека на локалниот пат Бањиче-Тетово кај мостот, мотоциклистот А.Д. (30) од Тетово, управувајќи мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во несреќата, мотоциклистот А.Д. се здобил со тешки телесни повреди, потврдени во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.