Инцидент на патот Скопје-Тетово: Мотоциклист сериозно повреден

Вчера, во 17.30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека околу 16 часот, на регионалниот пат Скопје – Тетово, И. М. (22) од с. Мала Речица, Тетовско, управувајќи мотоцикл „пијаџо“, со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот. Овие повреди се констатирани во Клиничката болница во Тетово.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Тетово.