Скенирањето сметки им е омилено хоби на Македонците - Зарем не е поразително?

За да остварите добивка од максималните 1.800 денари од поврат на ДДВ, во период од три месеци, треба да потрошите 180.000 денари. 

Проектот функционира речиси две години, а повеќе од 440.000 Македонци редовно скенираат фискални сметки и ги чекаат исплатите секое тримесечје.

Граѓаните со поделени ставови. Едни го оправдуваат проектот со кој, како што велат, симболична сума се враќа назад во семејниот буџет, други „тераат мајтап“ со скенирањето за ситни суми.

-Кога веќе ги трошиме парите, со скенирањето кое не одзема многу време, имаме дополнителен приход. На пример, 1.000 не се многу пари, но сепак се добредојдени, вели една скопјанка која скенира сметки од самиот старт на проектот.

-Не е за пофалба овој податок дека Македонците масовно скенираат, туку е срам. Да чекаш државата да ти врати некој денар, за да покриеш некоја дупка нема полошо, коментира еден граѓанин.

-Повеќето немаат појма од математика, нека поскенираат уште повеќе да покријат некој дел од процент од инфлацијата. Давеникот и во сламка спас гледа....за жал така е.....треба некој сериозно да се замисли зошто е така, коментира друг граѓанин.

-Скенирањето сметки име омилено хоби на Македонците. Зарем не е трагично, да снеираш за да земеш назад 300 денари. Успех и што со тие пари, вели иронично друг граѓанин.

Според надлежните досега назад кај граѓаните се вратени околу четири милијарди денари и таквата пракса, велат тие, ќе продолжи. Исплатата се вржи најдоцна два месеца по истекот на тромесечјето.

Иако СДСМ пред две години најави пораст на лимитот на „МојДДВ“ на 2.300 денари по лице тоа се уште не се случи.