Нобелова за тој многу „писмен" што му текна пролетен распуст и продолжена учебна година, вели професорот Малчески

Универзитетскиот професор Самоил Малчески со ириничен став за продожението на учебната година на жешките температури! 

- Надвор пекол, во училиштата нема клима уреди па уште пожешко, тешко на децата и колегите, битно бирократијата во МОН и Јетон Шаќири уживаат во убаво климатизирани простории! На тој многу "писмен" што му текна пролетен распуст и продолжена учебна година треба да му се даде Нобелова награда за најголема глупост! - порача тој на својот фејсбук профил. 

Основците ќе посетуваат настава заклучно со следниот понеделник.