Шест загинати лица и штети од неколку милијарди евра во Словенија

Словенечкиот премиер Роберт Голоб кажа дека катастрофалните поплави предизвикани од силното невреме во Словенија земаа најмалку шест човечки жртви, а штетите се очекува да достигнат неколку милијарди евра.

Илјадници граѓани останаа без нивните домови низ северозападна и централна Словенија, а армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ги расчистат улиците.

Поројните дождови кои паѓаа со денови уништија згради и мостови, а штетата сè уште не е проценета, иако се очекува да биде во износ од неколку милијарди евра.