Се запали стан од плинска боца во Аеродром

Стан во зграда на булевар „АСНОМ”, на потегот меѓу хотел „Русија” и хотел „Хилтон” утринава е опожарен од плинска боца.

Според информации на известувачот на МИА од терен, пожарот е изгаснат и нема жртви.

Командантот во изјава за МИА информираше дека е интервенирано со пет противпожарни возила и 14 пожарникари.

Пожарот е пријавен во 9.40 часот.