Повторно пожар во стан во Аеродром

Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. “Ангел Димовски“ во општина Аеродром настанал пожар во станот на О.М.(72) од Скопје. За среќа нема повредени а на повозрасната жена и била укажана лекарска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ поради вдишување на чад.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил навремено изгаснат.