Уапсен Србин кој „дивеел“ на скопскиот аеродром

Србин „дивеел“ на скопскиот аеродром. 

- На 29.04.2024 во 05.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(43) од Република Србија, затоа што во терминалната зграда го оштетил стаклото на заштитната врата. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка, информираа од полицијата во дневниот билтен.