Малолетник пукал со пиштол, два куршуми завршиле во стан на скопјанец

Вчера 22.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од с.Патишка река, општина Сопиште.

Тој се сомничи дека претходно во парк на подрачје на Чаир испукал неколку куршуми од пиштол, од кои два завршиле во станот на С.Е. од Скопје.

Пиштолот бил пронајден и одземен, а лицето било задржано во полициска станица.

Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.