Насилници грабнале и тепале скопјанец, па го натерале да им го препише станот

Скопјанец бил грабнат и тепан од неколку лица, по што го натерале на нотар да им го препише станот.

- На 28.06.2023 во 11.45 часот во СВР Скопје, Џ.Б.(46) пријавил дека околу 07.00 часот, на раскрсница од ул. „Никола Карев“ со ул.„Македонско-косовска бригада“ неколку лица од кои едното го познавал, со закана го однеле во куќа на подрачјето на Бит Пазар, по што физички го нападнале, а потоа го натерале на нотар да потпише договор за да препише негов стан на едно од лицата. Според пријавеното, причина биле нерасчистени должничко-доверителски односи, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.