Преполовен автомобил има и повредени: Тешка сообраќајка на Партизанска

Тешка сообраќајна незгода се случи пред помалку од половина час на булеварот „Партизански одреди“ во непосредна близина на слаткарницата „Палма“.

Според првичните информации, во несреќата учествувале мотор и патничко моторно возило кое од јачината на ударот е преполовено.

Булеварот е целосно затворен на потегот од „Сити Мол“ до мостот „Обединети нации“, а сообраќајот се одвива по околните улици.

Повеќе детали се очекуваат од МВР.

Фото: Skopje1.mk