Се шетал низ Центар со нож и дрога среде ден - Полицијата фати млад скопјанец

Млад скопјанец вчера попладне бил уапсен од полицијата во центарот на Скопје. 

- На 12.03.2024 во 13.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Р.(19) од  Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и нож, соопшти полицијата денеска во дневниот билтен. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.