„Двојникот“ на Вучиќ во посета на Скопје: Спомениците се импресивни, те сакам Македонијо!

Србинот Далибор Голубовиќ, кој во регионалната јавност е познат како „двојникот“ на српскиот претседател Александар Вучиќ, викендов беше во посета на Скопје. Причина за доаѓањето е работна посета, а присуството во Македонија тој го искористи да објави видео и фотографии од главниот град.

Во едно од видеата Голубовиќ вели дека спомениците во Скопје се импресивни и дека ја сака Македонија.

 

Инаку, Далибор е медицински работник од Белград. Своето слободно време го користи за видеа и имитации. Во српската јавност стана познат по првото видео во кој тој го имитира српскиот претседател кое за краток период стана вирално во јавноста.