Скопјанка пријавила дека внукот и бил нападнат во автобус

Скопјанка вчера пријавила во полицијата дека нејзиниот внук бил физички нападнат од неколку лица при превоз во автобус.

- На 24.10.2023 во 19.20 часот во СВР Скопје Л.Г.(64) од Скопје пријавила дека на 21.10.2023 околу 01.00 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Хиподром нејзиниот внук бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.