Се појавија и првите снимки од пукањето во Батинци каде животот го загуби едно лице додека друго со потешки повреди е пренесено на скопските клиники. Загинатиот е 34-годишник, додека повредениот е негов брат 32-годишник.
Од она што може да се забележи од ТВ21 џипот марка Форд врз кого било пукано е брутално изрешетено од маскирани лица кои се возеле во возило Мерцедс.
Од МВР известија дека трагаат по извршителите.