Рецепт за брза пита со урда и сирење

Брзите рецепти се најпрактични кога треба да подготвиме брза ужина. 

Состојки:

Едно пакување готови кори за пита
1 чашка кисела павлака
1/2 кг урда
300 гр сирење
2 цели јајца
50 мл масло
200 мл газирана вода
Грст свеж босилек
1 кесичка прашок за пециво
1 лажица сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Изматете ги јајцата добро во длабок сад, потоа додадете кисела павлака, минерална вода, масло и сол. Изрендајте го сирењето и измешајте го со урдата. Земете ги корите за пита и издробете ги преку оваа смеса. Измешајте сѐ добро.

Истурете ја смесата во подмачкана и длабока тава. Поросете со босилек.

Печете околу 45 минути и сервирајте топло, со јогурт и уживајте!