Домашна погача со сирење и јогурт

За сите оние кои уживаат во својата домашна пекарница.

Состојки: 

850 гр брашно
25 гр квасец
Две јајца
300 мл млеко
250 мл јогурт
100 гр меко сирење
2 лажици лебни трошки
100 гр стопен путер
Една лажичка шеќер
Една лажичка сол

Подготовка:

Квасецот ставете го во млекото, а во тоа ставете ги едното јајце, дел од путерот (20-30 гр), јогуртот, шеќерот и солта. Измешајте добро, ставете го брашното, замесете тесто и оставете да стаса 40 минути. На работната маса ставете брашно и премесете го тестото. Премачкајте ја тавата со путер. Од тестото обликувајте топчиња, а рацете постојано намастувајте ги во путерот и редете во тавата. Остатокот од него намачкајте го на фолија и покријте го врз погачата. Оставете да стои уште 40 минути. За тоа време направете смеса од презла, второто јајце, масло или уште путер, потоа изрендајте го целото сирење врз погачата, па ставете ја смесата со јајцето и презлата врз сирењето. 

Печете 40 минути на 180 степени.