Пита со сирење и тиква

Ако сте расположени за правење домашна пита, ви препорачуваме да го пробате токму овој рецепт.

За тесто:

400 гр брашно
Сол
Млака вода

За фил:

350 гр сирење
Едно јајце
Половина мала тиква 
Зачини

Подготовка:

Замесете го тестото и оставете го да отстои 30 минути. 

Тиквата излупете ја, изрендајте и измешајте со другите состојки. 

Развлечете го тестото, попрскајте со масло и ставете од филот по должина. Треба да добиете долг ролат, кој ќе го вртите во намастена тава за печење. 

Можете тестото да го поделите на два или три дела, за да бидат помали ролатите и да биде полесно редењето во тава. 

Премачкајте со масло и печете 30 минути на 200 степени.