Продолжува потрагата за третиот македонски државјанин во Халкидики

Јавноста викендов беше потресена од приказната за изчезнатите тројца македонски државјани на првиот крак Халкидики, во Посиди. До сега пронајдени се живи двајца, а се трага по уште едно лице.

Потрагата се врши со подводни дронови, а продолжува  и денеска. Засега потрагата во вода од воздух и копно не донесе резултати за исчезнатиот 28 годишен маж.

„Потрагата ќе продолжи , а за било какви новости ќе информираме со ново соопштение“, известија од Грчката крајбежна служба.

Од МНР пак утрово исто така информираа дека потрагата по третото исчезнато момче продолжува и дека здравствената состојба на Васил и Иван кои вчера и завчера беа извлечени од море е добра.

„Потрагата со спасувачка акција продолжува во полн капацитет- хеликоптер и бродови- како претходните два дена по исчезнатиот наш државјанин во местото Посиди, Грција. Здравствената состојба на двајцата државјани кои вчера и завчера беа извлечени од море е добра, истите се наоѓаат во болница и се очекува нивно брзо пуштање од болницата“,се вели во соопштението на МНР.