Приказната на Иван - спасениот македонски државјанин на Халкидики

Никој не сака да биде во кожата на Иван-триесетгодишниот македонски државјанин кој помина повеќе од 20 часа во водите на Егејското Море и преживеа. Дехидриран, без сила, изморен, Иван несомнено е херој на својот живот.

Како што беше информирана македонската јавност викендов, на Халкидики се трагаше по тројца наши државјани. Волонтери, крајбрежната стража, семејствата на изчезнатите сите беа кренати на нозе со надеж да ги пронајдат македонските државјани живи и здрави во водите на морето.

Од потрагата засега се пронајдени живи двајца наши државјани, а по третиот наш државјанин уште се трага.

Иван за newsit.gr открива колку бил тежок процесот на преживување и колку се страшни мислите кога си сам во вода, а се бориш за да преживеш. Него, во преживувањето му помогнала една топка која ја пронајде во водата.

„ Мојата авантура буквално никогаш не заврши. Мачењето од брановите сè уште се гледа на моето тело, кое само полека пропаѓа од макотрпниот напор што го вложив со мускулите да се задржам. Бескрајното количество солена вода што го испив во морето и дехидрацијата што ја претрпев многу ми отежнуваат. Но, тука е и психолошкиот фактор во целото ова, што всушност е полошо, затоа и не размислувам толку за болката и сето тоа. Првиот повик за помош беше во 16:13 кога влегов во вода и се обидував да му помогнам на мојот пријател да се смири. Ме најдоа следниот ден веднаш по 12.00 часот. Во морето бев околу 20 часа. Толку часови вознемиреност за мене и моите пријатели. И во исто време се обидувам да се спасам. Топката што ја најдов беше полунадуена и едвај се држев за неа со рака и останав на површината. Сигурно ми помогна тоа што ја најдов топката, но она што навистина ми го спаси животот беа спасувачките тимови и од се срце им благодарам“, вели 30-годишниот Иван во сведоштво за newsit.gr.