Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира корисниците на апликацијата „МојДДВ“, дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во „Службен весник на РСМ“, бр.65/2023 на 23.03.2023 година.
- Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата. Измените веќе се видливи во апликацијата „МојДДВ“ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај, соопшти УЈП.
Според податоците, во моментов апликацијата ја користат 523.673 граѓани, a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу 6 милијарди денари.