Мерката МојДДВ останува, граѓаните ќе продолжат да скенираат сметки

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на ТВ Сител вели дека мерката МојДДВ ќе си остане само ќе се направат промени во системскиот дел во рамки на Управата за јавни приходи.

„Мерката МојДДВ останува со истата сума за поврат кон граѓаните. Ќе се направат одредени корекции, што не се поврзани директно со граѓаните, туку системски во рамки на Управата за јавни приходи. Многу често од граѓаните добивавме информација дека скенирале фискални сметки кои УЈП им ги одбивала како да не се оригинални, било пријавувавано до УЈП и не се преземало ништо“, рече Кочоска