Полицаец бил нападнат од осуденик во затворот Идризово

Осуденик нападнал полицаец во затворот Идризово, соопшти полицијата.

Синоќа во 22.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот во амбулантското одделение во Казнено поправната установа Затвор-Идризово Скопје, полициски службеник додека извршувал службени дејствија бил физички нападнат од З.П., осуденик во установата.

МВР информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.