Млад скопјанец нападнал полицајци, кривично ќе се гони

Кривично ќе се гони 23-годишен скопјанец за напад на полицајци кои биле на должност. 

-СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 21.08.2023 во село Визбегово, скопско, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, соопштија од МВР.