Во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале три пријави за каснувања од улични кучиња. Меѓу нив, настрадал и малолетник во Драчево.
На 24.06.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Аеродром, Т.Т.(21) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 24.06.2024 во 15.40 часот во Полициската станица Драчево, Б.С.(35) од Скопје пријавила дека во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 24.06.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Центар, М.М.(43) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар била касната од куче скитник.