Драма во Аеродром: Скопјанец бил физички нападнат поради недоразбирање во сообраќајот

Драма вчера се случувала на паркинг во скопската населба Аеродром, скопјанец бил нападнат поради недоразбирање во сообраќајот. 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 13.55 часот во СВР Скопје, Д.Б.(34) од Скопје пријавил дека околу 13.50 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.