Петровска: Ако не се извини за 48 часа, ќе му биде поднесена тужба за клевета на Ковачки

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска до пратеникот Драган Ковачки упати барање за извинување за лагите што ги изнесува за наводниот секс-скандал и наводното прикривање од страна на министерката.

Доколку тој во рок од 48 часа од приемот на Барањето не се извини ќе му биде поднесена тужба за клевета, вели Петровска.