Петровска: Поддршка од поранешните претседатели за било кој од сегашните кандидати за претседател на СДСМ дополнително ќе ја подели партијата

Поранешната министерка за одбрана и кандидатка за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска во интервју за Канал 5 вели дека поддршка на поранешниот претседател Зоран Заев за кандидатот Венко Филипче ќе придонесе за дополнителни поделби во партијата.

 „Застанувањето на кој било од поранешните претседатели зад кој било од сегашните кандидати, мислам само дека дополнително да ја подели партијата и мислам дека може да го отежни процесот на легитимен избор на претседател. Јас ги почитувам сите поранешни претседатели на СДСМ затоа што оставиле свој белег во партијата и во државата, меѓутоа мене ми треба поддршката на членството“ рече Петровска. 

 Петровска посочи дека доколку не успее да ја обезбеди поддршката на членовите на СДСМ, таа нема да бара никаква функција во партијата и дека ќе си остане само член и пратеничка на СДСМ во Собранието.