„Паднаа“ двајца дилери, полицијата апсеше во Центар и Драчево

Двајца скопјани вчера биле фатени од полицијата со дрога. 

На 26.05.2024 во 10.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во друг случак, вчера во 12.00 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Ш.С.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.