Сообраќајка кај „Алумина“ – се судрија две возила!

Сообраќајна незгода во која два автомобили се случи вечерва на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во близина на поранешната фабрика „Алумина“

На местото на несреќата можеше да се забележат видно оштетени возила, а според првичните информации во неа нема повредени. 

Полицијата во моментот врши увид на местото на настанот, сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато и по една коловозна лента.

Повеќе детали од Министерството за внатрешни работи.