Полицијата апсеше за дрога на Средно Водно, Карпош и во Центар

Вчера се апсеше за дрога на повеќе локации низ Скопје. 

На 02.06.2024 во 12.35 часот на патот кон Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.В.(26) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

На 02.06.2024 во 14.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.М.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 02.06.2024 во 23.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ф.П.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.