Овие швајцарски чоколадни коцки се приготвуваат само за 20 минути, а уште побрзо се јадат.
Потребни состојки:
Подготовка:
Изматете ги јајцата и шеќерот и оставете смесата да се загрее на тивок оган. Потоа додајте го путерот во средината и мешајте додека смесата не се соедини.
Тргнете ја од оган и додајте ги мелените бисквити, чоколадото и мелените ореви. Мешајте убаво додека смесата не се соедини целосно, а потоа посипете во коцкасти калапи за колачи претходно обложени со хартија за печење.
Оставете да се печат на 180 степени околу 15 минути.
Откако ќе се испечат, извадете ги и наредете ги во чинија, па прелијте ги со стопено чоколадо.
За декорација може да ставите по еден цел орев, кокос или какао на секоја коцка.