Се топат во уста: Брзи чоколадни коцки

Кој може да одбие чоколаден десерт со крем кој се топи во уста? Одговорот ќе го откриете само ако ги подготвите овие брзи коцки.

Потребни состојки (за 8 лица):

За пандишпан:

    4 јајца

    100g шеќер

    3 големи лажици брашно

    ½ прашок за печиво

    200g путер

    150g чоколадо за готвење

Прелив:

    100ml млеко

    30ml рум

Крем:

    ½ l слатка павлака

    500g чоколадо за готвење

    50g путер

Подготовка:

Добро измешајте ги јајцата со шеќерот. Додадете го брашното и прашокот за печиво. Стопете го чоколадото заедно со путерот, па додадете го во смесата. Печете ја кората 30 минути на 180 степени.

Во меѓувреме загрејте ја слатката павлака и тргнете ја пред да зоврие. Додадете ги чоколадото и путерот. Мешајте додека не се растопат.

Откако ќе се испече пандишпанот прелијте го со мешавината од млеко и рум, па додајте го кремот.

Без да го сечете колачот оставете го да се олади во фрижидер.

Пред послужување може да декорирате со рендано чоколадо или овошје по желба.

nike air max 1 sale