Швајцарски чоколадни коцки готови за 20 минути

Овие швајцарски чоколадни коцки се приготвуваат само за 20 минути, а уште побрзо се јадат.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 200 грама шеќер
  • 80 грама чоколадо за готвење
  • 140 грама мелени бисквити
  • 80 грама путер
  • 40 грама мелени ореви

Подготовка:

Изматете ги јајцата и шеќерот и оставете смесата да се загрее на тивок оган. Потоа додајте го путерот во средината и мешајте додека смесата не се соедини.

Тргнете ја од оган и додајте ги мелените бисквити, чоколадото и мелените ореви. Мешајте убаво додека смесата не се соедини целосно, а потоа посипете во коцкасти калапи за колачи претходно обложени со хартија за печење.

Оставете да се печат на 180 степени околу 15 минути.

Откако ќе се испечат, извадете ги и наредете ги во чинија, па прелијте ги со стопено чоколадо.

За декорација може да ставите по еден цел орев, кокос или какао на секоја коцка.