Детали од МВР: Девојката врз која падна дрво во центарот на Скопје е тешко повредена, уште едно лице со повреди

Вчера во 14.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Климент Охридски“ во Скопје, поради лошите временски услови паднало дрво и повредило двајца минувачи, извести МВР.

– Според пријавеното, со тешки телесни повреди се здобила В.Л.(28) од Прилеп, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, а со телесни повреди се здобила А.А.(35) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.